Во рамки на Скопскиот викенд на гордоста ќе се одржи „Срамота“, вечер на раскажување на квир приказни, инаку иницијатива на ПичПрич дуото Ана Василева и Румена Бужаровска.
Настанот ќе се одржи во сабота, 11 јуни, во Театар Комедија, а по настанот свој диџеј сет ќе има Зоки Бејбе.
Со почеток во 20 часот, свои приказни ќе раскажат Биљана Гинова, Ѓорѓе Јовановиќ, Јелена Вишњиќ, Лила Милиќ, Ана Аврамоска и Славчо Димитров.
„Срамот е поврзан со нашите желби, задоволства, однесувања, движења и мисли, па затоа овие приказни создаваат наративи за отпор. Конечно, нашиот срам станува наше задоволство и среќа. Наместо наведната глава и зацрвенети образи, ние даваме отпор. Наместо неподносливото внатрешно гушење, ние пукнавме од смеење. Овој настан има намера да го искористи хуморот како моќна алатка за отпор и кршење на општествените норми и притисок што создава чувство на срам кај нас како поединци“, објаснуваат организаторите.
Билетите можат да се купат на билетарата на Театар Комедија или онлајн.