СПУКМ и Агенцијата за млади и спорт ќе соработуваат засилено

Студентскиот парламент на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (СПУКМ) и Агенцијата за млади и спорт потпишаа меморандум за соработка.

Документот го потпишаа директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски и претседателот на СПУКМ Кирил Спироски, кои изразија заложби овој меморандум во пракса да придонесе за градење на добра соработка меѓу двете страни.

„Соработката ќе биде насочена кон градење на заеднички стратегии за развој  и напредок на студентите, зголемување на нивната вклученост во процесите на донесување одлуки и поттикнување на неформалното образование и младинскиот активизам. Воедно, од страна на Агенцијата за млади и спорт ќе се пристапи и во делот на поддршка на активностите на спортот и спортските активности на СПУКМ, со што ќе се даде инпут во развојот на студентскиот спорт“, стои во соопштението од настанот.

Според СПУКМ и АМС; идејата за потпишување на овој меморандум произлегла од одличната соработка од Кампањата против говор на омраза, чиј координатор е Агенцијата за млади и спорт, а во која се вклучени голем број на институции и организации, меѓу кои и СПУКМ.

Извор