Според вработен во компанијата, „Сири“ на Епл ја загрозила приватноста на милиони корисници

Според вест од 2019 година, изведувачите од Епл ги слушале снимките од „Сири“ на корисниците без нивно знаење и согласност, но компанијата не подлегнала на истрага.

„Свиркачот„ кој ја обзнанил веста во 2019, сега и јавно го истакнал овој проблем, протестирајќи го непреземањето на мерки против технолошкиот гигант. Во писмо испратено до сите европски регулатори за заштита на податоци, Томас Ле Боњиек истакнал дека Епл спровела масовно нарушување на приватноста на милиони граѓани.Тој напишал дека иако веста за овој случај станала јавна, технолошкиот гигант не подлегнал на никаква истрага.

Ле Боњиек, кој бил вработен од страна на еден од подизведувачите на „Епл“ во Ирска, компанијата „Глоуб техникал сервисес“, ги слушал снимките од корисниците со цел да поправа грешки при транскрипција. Слушајќи стотици снимки од ајфоните, ајпадовите и епл часовниците, тој забележал дека многу од нив биле преземени надвор од користењето на „Сири“, што значи дека корисниците не биле запознаени со ваквиот процес.

Освен „Сири“ снимките на корисниците, уредите на Епл ги снимале и разговорите на родниците или децата на корисниците, имајќи пристап до имиња, адреси, пораки, пребарувања, конфликти и разговори без нивно знаење.

Ле Боњиек нагласил дека тука спаѓале и лични податоци како болести, религиозни погледи, сексуална ориентација, порнографија, политички погледи и податоци за училишта, лични врски и употреба на дрога.

Во писмото, било истакнато дека вработени на проект наречен „Девелопмент дата“, имале пристап до овие снимки. Нивна задача била обележување на специфични зборови во снимките кои назначувале интереси на корисниците, односно телефонски контакти, локација и музички преференци во еден кориснички пакет.

„Со други зборови, овие вработени имале пристап до личните податоци кои ги користеле за да ги поврзат со командите на „Сири“. Ова значи дека музичките плејлисти, контактите, белешките, календарите, сликите, мапите и слично биле собирани во голем информациски пакет за да бидат искористени за други проекти на Епл, пишувало во писмото.

Во август 2019 година, како одговор на оваа вест, компанијата „Купертино“, отпуштила 300 вработени и истакнала дека ќе го прегледа својот аудио проект. Ле Боњиек соопштил дека „не постојат цврсти докази дека Епл презел нешто за да го стопира својот проект, дополнувајќи дека неговите извори потврдиле дека Епл навистина не презел никаква мерка.

Извор: Independent

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.