„Сомнително лице“ на Нушиќ во изведба на тетовскиот аматерски театар

Полицајките Ацка, Весна и Мери ќе го бараат сомнителното лице во преработената комедија за деца на комедиографот и сатиричар Бранислав Нушиќ.

Театарската претстава „Сомнително лице“, во изведба на „Летечката театарска трупа“  на 21 февруари во Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово ќе ја има својата премиера, со почеток во 19 часот.

„Сомнително лице“ на Нушиќ во изведба на тетовскиот аматерски театар

Урнебесната комедија на популарниот српски комедиограф и сатиричар Бранислав Нушиќ, напишана во далечната 1888 година, е адаптирана според возраста на актерите, но и на денешницата.

„Ја задржавме нишката на урнебесна комедија, но сепак ги истакнавме карактеристиките на ликовите, за и младата публика, но и возрасните да можат јасно да воочат какви треба да бидеме во реалниот живот“, вели режисерот Зоран Јовановски.

Со премиерата на комедијата „Сомнително лице“, „Летечката театарска трупа“ има прикажано повеќе од 10 премиери и над 80 репризи, а ова е нивниот најнов предизвик.