Тивок собир за оддавање заедничко сеќавање за сите изгубени животи во дискотеката „Пулс“ ќе се одржи во вторник (16 септември) на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со почеток во 20:16 часот, информираат активистите од иницијативата „Кој е следен?“ и младите од Студентско пленумско движење.
„Не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Не смееме да се откажеме од борбата за вистината. Кога ќе се соочиме со неправда, да проговориме. Сите треба да истапиме и да бидеме одговорни, на свој начин. Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани!“, истакнуваат од иницијативите.
На 16 септември навршуваат шест месеци од пожарот во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 62 претежно млади луѓе.