Со хуманитарна забава студентите ќе ги подобруваат и условите во болниците

Со хуманитарна забава студентите ќе ги подобруваат и условите во болницитеКлубот „ХО“ во соработка со Сојузот на студенти по медицина и студентските парламенти на Медицинскиот факултет и на УКИМ вечерва, во 23 часот ќе организираат хуманитарна забава за болничките одделенија при клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Присутните на забавата, со секоја купена карта, ќе донираат 50 денари што ќе бидат употребени за снабдување на одредени болнички одделенија со нови перници, ќебиња, чаршафи и други материјали што се потребни за подобра нега и грижа на пациентите.

Од клубот најавуват одржување вакви хуманитарни забави секој прв четврток во месецот.