Со чистење на дното на Охридското Езеро, нуркачкиот центар „Амфора“ го одбележа Денот на планетата Земја

Со чистење на дното на Охридското езеро кај Градиште, беше одбележан 50 „роденден“ на планетата Земја.

Со приклучување кон глобалната иницијатива, нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ направија акција за чистење на езерото, со цел да се подигне свеста кај луѓето за чување на планетата Земја.

Свој 50 роденден прослави и Меѓународната нуркачка асоцијација „Scuba Schools International“ која често е дел од акциите за чистење на Езерото и подигнувањето на еко-свеста.