Со претставата „Буре барут“ во продукција на Драмскиот театар во Скопје, вечерва во 23:40 часот на првиот канал на Македонската радио телевизија ќе започне да емитува циклус од најдобрите македонски театарски претстави.
Претставите ќе се емитуваат секој понеделник во истиот термин (23:40), а како што информираа од МРТВ, освен претстави на Драмски, ќе бидат емитувани и претстави од Македонскиот народен театар и Театар Комедија.
„Да се заштитиме себеси и сите околу нас, останете дома, а ние ќе го донесеме театарот во вашиот дом“, се вели во најавата на МРТВ.
Прва од низата ќе биде претставата “Буре барут” од Дејан Дуковски, во режија на Сашо Миленковски, а во продукција на Драмски театар.
Претставата премиерно е одиграна на 21 април 2016 по повод 70 годишнината од постоењето на Драмски театар Скопје.
Автор на музиката е композиторот Венко Серафимов, а улогуте ги толкуваат: Лазе Манасков (Анѓеле), Иван Петрушевски (Димитрија), Гоце Тодоровски (Свето), Ѓокица Лукаревски (Благоја, подоцна Човекот), Благица Димитровска (Аце), Јовица Михајловски (Симон), Александра Павлова (Ана), Игор Стојчевски (Андреа), Виолета Шапковска (Жената), Емилија Мицевска (Светле), Симон Мансковски (Шоферот, па Полицаецот, па Џими и Коста), Сашо Тасевски (Ѓорѓи), Благој Чоревски (Гела), Александар Степанулески (Борис), Рубенс Муратовски (Топук), Димитрија Доксевски (Кирил), Филип Трајковиќ (Мане), Јана Стојановска (Евдокија).