Слушачка промоција на првиот албум на „The Mole Pack“

Новиот македонски блуз состав „The Mole Pack“, во недела (19 август) најавуваат слушачка промоција на нивниот прв албум „Gambling Man“ во скопскиот кафе-бар „Че“.

„Ќе се откорнеме цела вечер од слушање на нивните оригинални авторски дела, ќе се подружиме со членовите, ќе гледаме видевца и ќе си одиме дома со копија од албумот . Диме, Алек, Тео, Гишо се спремни да одговараат на вашите прашања и да ви ја раскажат нивната приказна, така да слободно да им пристапувате и “досаѓате”“, стои во поканата за настанот.

Промоцијата започнува во 20 часот.