Слободен влез во музеи и културни установи по повод 8 Септември, Денот на независноста

По повод 8 Септември – Денот на независноста, граѓаните од 11 часот ќе можат бесплатно да ги посетат музеите, галериите и културните установи во земјава.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат отворени археолошките локалитети Стоби и Херaклеја, но и Музејот во Охрид и Куќата на Робевци, Археолошкиот музеј – Скопје, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Северна Македонија, Природонаучниот музеј, Музејот на современата уметност , Даут-пашиниот амам и Чифте амам.

Низ државава, на Отворениот ден на музеите по повод празникот, вратите ќе бидат отворени од 9 до 17 часот и во музеите и заводите во Прилеп, Струмица, Куманово, Гевгелија, Штип и Крушево.

Па така, отворени за јавноста ќе бидат Уметничката галерија во Тетово, Музејот на Тетовскиот крај, Музејот на албанската азбука – Битола и Музејот на Западна Македонија во НОВ – Кичево.

Театарот за деца и младинци, утре, кај Школката во Градскиот парк во Скопје ќе ја изведе куклената претстава „Лакомата меца“.

Претставата е во режија на Дарин Петков, а играат Владимир Лазовски, Катарина Илиевска-Силјановска и Ана Левајковиќ-Бошков.