Слика на Гоген продадена за рекордни 300 милиони долари

Сликата „Кога ќе се омажиш“, на францускиот сликар Пол Гоген продадена е за 300 милиони долари, со што стана најскапо продадено уметничко дело. Како што јаува Би-Би-Си, сликата на две девојки од Тахити е насликана во 1892 година. Таа била сопственост на швајцарски колекционер, но со децении дадена на позајмица во Кунстмузеј во Базел.

Нема да биде откриен идентитетот на купувачот иако неофицијално Њујорк тајмс тврди дека ја купиле од Музејот во Катар.

Првото место за најскапо продадена слика го држеше делотп на Пол Сезан, кое чинеше околу 240 милиони долари, повторо купено од Катар.

Кралската фамилија троши огромни средства на западната уметност. Шеикот Саид Мухамед Ал-Тани, поранешен министер за култира кој почина лани, потроши над 1 билион долари државни пари за уметнички дела.