Скулптурата на италијанскиот уметник Лоренцо Куин која се состои од две детски раце на кои се потпора зграда е изложена за време на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации во Мадрид.
Насловена како „Поддршка“, скулптурата ги потсетува политичките лидери на растечките морски нивоа кои се закана за крајбрежните градови како Венеција, каде неодамна имаше катастрофална поплава.
Уметничката инсталација првично беше претставена на Венециското биенале во 2017 кога двете раце излегуваа од Големиот канал во Венеција и потпираа историска зграда.
„Венеција, пловечкиот град на уметноста и културата кој го инспирираше човештвото со векови е загрозен од климатските промени и забот на времето, и потребна му е поддршка од нашата и идните генерации“, изјави уметникот Куин.

Лоренцо Куин; Фото: unfccc.int
„Ајде да им се придружиме на рацете и да направиме трајна промена“, додаде тој.
Посетителите на Конференција имаат можност до 13-ти декември да ја погледнат големата (долга 3 метри) верзија и уште три други мали реплики.