Сите нови мобилни телефони во Индија ќе имаат „копче за паника“ од 2017 година

За граѓаните на Индија, особено жените, да добиваат итна помош, владата најави дека сите мобилни телефони кои се продаваат таму од 2017 година ќе мора задолжително да имаат „копче за паника“ со кое корисниците итно ќе повикуваат итна помош.

Засега е познато дека само новите апарати ќе се продаваат со оваа измена, а индиските производители на мобилни велат дека не е можно да се инсталираат на мобилните кои се веќе во употреба. Со тоа два милиони корисници на паметни телефони ќе треба да ги сменат своите апарати доколку ја сакаат новата алатка, пренесува Mashable.

Индиската влада „нареди“ на сите производители да ги инсталираат новите копчиња од 1 јануари 2017 година. Освен тоа, ќе се додаде и вградена GPS навигација, задолжителна за сите телефони кои ќе се продаваат од 2018 година.

Сите итни повици ќе бидат поврзани на индискиот телефонски број за пријавување на незгоди, 112, а повикот ќе се спроведе дури и ако корисникот нема средства за да воспостави повик.