„Симбиом“ – ленд арт во општествената градина Бостание

Во општествената градина на Зелената арка, утре ќе се одржи презентација на „ленд арт“ насловен „Симбиом“ и разговор со уметникот Атанас Атанасоски.

На уметничкото дело работеа Зорица Зафировска, Ана Ивановска, Андријана Андреева и Филип Велковски, со помош од учесниците во градината.

„Делото е привремено прибежиште на идеи преџвакани од Кропоткин, преку Хаким Беј, Делез и Гатари до Дона Харавеј и мноштво организми почнувајќи од габи, преку дождовни црви и луѓе до полско цвеќе. Можно ли е сето тоа да коеволуира симбиотаде умеѓите? Кој ќе ја плати антропоцената за овој полуномадски уметнички упад во заедничката градина, што глуми привремена автономна зона? Дали делото може да се компостира? Овие и ред други прашања се поставуваат меѓу браздите“, стои во најавата за настанот.

Тој ќе започне во 19:30 часот, а ќе се одржува во градината која се наоѓа во паркот Лисиче, крај брегот на реката Вардар во Општина Аеродром.

Настанот е дел од проектот „Ленд арт викенд“ финансиски поддржан од Град Скопје, уметниците и пријателите на градина.