Силен земјотрес од 6,4 степени повторно ја погоди Хрватска, срушен голем дел од градот Петриња

Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди Хрватска денеска околу 12:20 часот. Според првичните информации има повредени лица, а Јутарњи Лист јави дека починало едно дете.

Епицентарот на земјотресот е градот Петриња, каде според локалните репортери се целосно срушени голем број куќи и објекти. Жителите на градот по земјотресот излегле на улиците, лежеле во паркот, а луѓе скокале од крововите на објекти на кои вршеле градежни работи.

Кон градот се упатени поголеми екипи на хрватската војска која треба да помогне на пожарникарите во евентуално пронаоѓање и спасување на затрупани луѓе под рушевините.

ФОТО: Н1

ХРТ извести дека во градот Сисак во близина на Петриња се срушил кров на болницата, а нивна новинарска екипа едвај избегнала потешки повреди на излез од зградата на градскиот совет која се срушила.

Земјотресот бил толку силен што се почувствувал во целиот регион.

ФОТО: Европски медитерански сеизмолошки центар