Силен земјотрес од 6,4 степени според рихтеровата скала ноќеска околу 4 часот ја стресе Албанија, со епицентар во близина на Драч.
Како што јавуваaт албанските медиуми загинале најмалку пет лица загинале, а има најмалку 150 повредени. Предизвикана е и голема материјална штета, аеродромот во Тирана е затворен поради оштетување на терминалот, а локалните медиуми пренесуваат дека денеска нема да има настава во училиштата.
Земјотресот со епицентар во близина на Драч беше почуствуван на целиот Балкан, а ноќеска ги вознемири и жителите во земјава. По силниот земјотрес регистрирани се повеќе потреси со јачина од околу 5 степени.