Шведски милијардер нуди награда од пет милиони долари за нов модел за управување со светот

Фондацијата за глобални предизвици, финансирана од шведскиот милијардер Лазло Зомбатфалви, започна интернационален натпревар за да најде подобар систем за управување со државите и светот.

Како што пишува Зомбатфалви во писмо објавено на веб страницата на фондацијата:

„Најголемите закани со кои се соочуваме денес ги преминуваат географските граници, затоа треба да им се пристапи заедно од сите држави, основано на растечкото разбирање за нашата заемна зависност.

Нашиот моментален интернационален систем беше поставен во друга ера, после Втората светска војна. Веќе не може да се справува со ризиците на 21-виот век, кои им влијаат на луѓето насекаде во светот. Итно ни е потребно ново размислување, за да пристапиме на размерот и сериозноста на денешните глобални предизвици, кои го надраснаа моменталниот систем и неговата можност да се справи со нив“.

Натпреварот повикува индивидуи, групи, универзитети, компании или асоцијации од сите страни на светот да пријават свои предлози за алтернативен светски модел – или преку ревизија на моменталниот модел на ОН, или преку предлагање на сосема нови форми на управување.

Новиот модел треба да може ефективно да се справува со некои од најсериозните глобални проблеми (како климатските промени, растот на населението, екстремната сиромаштија).

После рокот за пријавување на 24 мај 2017, панел на академиици ќе ја оценуваат секоја пријава според одредени критериуми. Наградата за победничкиот модел е пет милиони долари. Фондцијата вели и дека се обврзува дека ќе ги поддржи најдобрите идеи за да стигнат до имплементација.