Шведска се откажува од барањето за екстрадиција на Асанж

Шведското обвинителство соопшти дека нема да поднесе жалба на одлуката на британскиот суд со која се одбива формалното барање основачот на Викиликс Џулијан Асанж да се задржи во притвор додека не се истражи обвинението за наводното силување.

Налогот за притвор би бил формален предуслов за поднесување барање за екстрадиција на Џулијан Асанж, кој се наоѓа во затвор во Британија, пишува Ројтерс.

„Работата сега е фокусирана на процената на доказите преку спроведување на одредени дополнителни сослушувања“, изјави заменик директорката на шведското јавно обвинителство Ева Мари Персон преку соопштение.

Шведска сака да го испраша Асанж за наводното силување во 2010 година.