ШтоТиТежи: Ме фаќа паника и страв зошто го заглавив студирањето, како да пропаѓам во дупка без излез

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Рубриката #ШтоТиТежи постои за одговарање конкретни прашања што ги мачат младите. Група на психолози-психотерапевти ќе дадат стручно мислење и совет на прашања поставени од страна на нашите читатели, а прашањата и одговорот на психологот секој четврток ќе бидат објавувани на нашиот сајт, секако анонимно.

    Имам проблем со факултетот. Заглавив, а студирам на градежен. Постојано мислев дали ќе ги положам колоквиумите или не и почнав да си создавам паника пред испит дали ќе напишам или не и дали го знам доволно материјалот. На крајот секогаш имав добри резултати ги положив, но ми останаа предметите од претходниот семестар и сега не знам како да се организирам. Ме фаќа паника и страв и не можам да спијам. Не сум разговарала дома со моите бидејќи се построги и велат сите полагаат и учат како ти не можеш, но не се свесни за тежината на факултетот. Сега се наоѓам во безизлезна ситуација бидејќи ако не ги положам сега паѓам во приватна квота и тоа ме мачи повеќе и не можам да се сконцентрирам да учам и немам ниту мотивација, како да пропаѓам во дупка без излез.

    Како да се справам со тоа што ја изгубив волјата и мотивацијата за факултетот и како да ја контролирам мојата анксиозност?

    Одговара: Радмила Живановиќ

    Почитувана,

    Го читам твоето прашање и се запрашав себе си како те доживувам додека те читам, и сфатив дека се чувствувам конфузно, збунето, без правец и насока, како да стојам на едно место а незнам каде сум и каде да се движам. Кога вака ти го носам, претпоставувам дека тоа е некое чувство што и ти се обиде да ми го донесеш преку твоето пишување. Потоа, се обидувам да разберам потребата да седиш на едно место на збунетост, неразбраност, нејасност, и се прашував од кого очекуваш да ти го покаже правецот во која насока да се развива твојот потенцијал?  Како би се чувствувала доколку одговорот е самата Јас? Дали кога го слушаш овој одговор тебе ти предизвикува збунетост, разочараност, неспремност, или си сигурна дека тоа ќе можеш да го направиш. Доколку има барем мала доза на сигурност, ајде да се фатиме за неа и да дозволиме таа да не води низ одговорот.

    На 21 година, многу од младите, вклучително и јас кога бев на твоето место,  се соочуваат со многу очекувања на средината, на стандардите што таа ги поставува, и на притисоците што ги прави во име на љубовта и правото да се влијае. Од друга страна, на 21 година, младите се често несигурни во однос на способностите и капацитетите кои ги поседуваат, и најмала неповолна реакција од средината можат да ја сфатат како атак на личноста, кој може да ги обесхрабри или даде оправдување зошто не успеваат како што би сакале. Очигледно доаѓаш од семејна средина која доста знаела да дефинира што е најдобро за тебе, што е она што треба да го направиш, а твоето „ми треба“ и „сакам“ немало можност да се избори со тие очекувања. Кога се судираш со одлуки во однос на сопствениот развој, како твојот судир сега, она што би требало да се  постави како прашање е што ми потребно  и што сакам/посакувам да се сличи и воедно и да е возможно и остварливо во рамки на она што го поседувам како потенцијал во однос на срединската ситуација и услови. Тоа е таа проверка со реалноста што Егото кое созрева знае да го прави доколку го има како капацитет но не секогаш тоа така глатко се случува, и одлуките изгледаат како едни големи планини кон кои гледаме од подножјето.

    Е сега се прашуваш: Добро, и сега како понатаму? Нема прогрес доколку не постои посвојување на процесот, доколку процесот не се направи свој. Дали овој факултет (читај професија) го студираш затоа што сакаш или затоа што некој ја наметнал својата волја? Малку истражи го тој момент на избор и пред се и да постоеле одредени навивања на родителите во однос на професионален развој во одредена насока, размисли кога не би постоеле тие притисоци, против кој често се бориме како млади во име на независност и единственост, и кога би можела да ги најдеш сопствените причини за изборот, кои би биле тие? Не се согласувам дека избираме затоа што родителите така сакале, но често пати така сакаме да размислуваме за да си го оправдаме изборот кој понекогаш не носи во многу неизвесни води. На крајот од денот, не се родителите тие кои ќе учат и напредуваат за нас, нели? Или можеби се? Затоа потребно е да ги најдеш сопствените и лични причини зошто ова е твојот избор а не нивниот. Мора да се омеѓу твоето од нивното, и мора твоето да превладее на еден симболен начин над нивното, зошто ако не е така, нема нитук да го доживееш овој пат како твој.

    Потребно е да направиш и проценка на средината и ситуацијата, на нејзините можностите и ограничувањата. Опишуваш дека не доаѓаш од некое семејство кое може да си приушти секакви избори, туку се обидува да ти го овозможи просторот во кој можеш да се развиваш со сите постоечки ограничувања. Тоа значи дека одредени излети за пораснување, барем тебе не ти се можни, не велам дозволени, едноставно тие се ограничувањата, и треба да се земат во предвид при одлуката за кариерен развој. Да кариерен, затоа што факултетот не е само образование туку не лансира во насоката во која сакаме да се движиме со многу љубов и разбирање. Она шти јас читам е дека семејството те поддржува да студираш и да се развиваш но со одредени барање и ограничувања. Сите семејства имаат одредени барања додека децата некако се под нивна контрола на живеење. Да се замисли свет без влијание на родителите било кога а посебно во таа возраст е невозможно. Тие знаат дека овие избори се суштински, а пред се мислам дека се грижат за твојот нејасен избор и талкање многу повеќе отколку за успехот и полагањето…

    Потребно е да направиш преглед и редефинирање на личните сфаќања за успехот: Што за тебе претставува успех? Што за тебе претставува грешка? Овде се судираш со очекувањата свои, дали успех е полагање на испитот, или треба полагањето на биде беспрекорно. Перфекционизмот знае да создаде плодна почва за прокастринацијата, и нема никакво задоволство од него, затоа што во него не работиш за себе, иако не изгледа така, туку за другите.  Она што може да се појави е и страв од неуспех кога живееме во средина која поставува и моделно високи очекувања (на пр. Фамилија на интелектуалци, детето се плаши да не направи грешка за да не разочара) или стравот од успех ( во фамилија со моделно пониски очекувања, кои вршат притисок на детето да биде многу повеќе од нив самите, а притоа и да се оддели од семејството, да се разликува и на некој симболичен начин да не припаѓа, пр. Ти си успешен, а ние не успеавме„)

    Потребно е да направиш преглед и редефинирање и  на процесот на учење: Како изгледа твојот процес на учење? Како ги научуваш нештата? Дали доаѓа од твоето искуство или од нечие туѓо? Што можеш да направиш да обезбедиш минимум услови за учење? Што може да ти пречи во учењето и што можеш да направиш за да ги превенираш можните пречки? Како да го испланираш времето и процесот на учење, знаејќи го сето она што те мотивира и демотивира?

    Потребно е да погледнеш во емоциите кои го поддржуваат или не твојот процес на студирање: Што е она што те загрижува и плаши во однос на постигнувањето и учењето? Дали е реален страв или е страв кој се креира поради одредена несигурност? Зошто ти е потребен стравот за да го покажеш твојот став во однос на работите. Постојат многу други нешта кои можеш поконструктивно да ги направиш. На пр. Да го искористиш она што го имаш во периодот: Така,  ако би имала разговор со таа паника која ја споменуваш кои прашања и одговори би ги добила? Напиши ги и постави ги? Сега обиди се да ги одговориш од позицијата на Паниката? Или пак, кога Паниката би имала многу посебна порака со упатство за тебе, која порака би ти ја испратила?

    И нешто кое сметам дека е исклучително значајно и е водилка во целиот процес на кариерен развој е твоето верување  и пред се визијата на себе втемелено на тоа убедување,  која се креира како резултат на изодување на патот, кога ќе инвестираш во себе, во една нова персона што сакаш  и избираш да бидеш…Помисли само, како изгледаш, како се доживуваш, што ти се случува околу тебе, дали се чувствуваш посигурна, која независност тогаш ја добиваш, кое мислење најблиската околина го има за тебе и како изгледа задоволството од постигнувањето.

    Ти посакувам убаво истражување на себе, искрено се надевам дека со овој одговор, барем ставивме некои стапки на промена, и дека ти е појасно. Така те предизвикувам откако ќе го прочиташ одговорот, да си го прочиташ прашањето, и размислиш што би можела од се ова понудено да искористиш за да додадеш уште некоја стапка на промена.

    * Радмила Живановиќ е лиценциран психолог- психотерапевт (EAGT/ECP), магистер по комуникации. Активен член на управен одбор на Комора на психолози и организатор на дел од програмите за унапредување и промоција на професијата и приватна пракса, и на Денови на психологија, платформа за психолошки активизам во однос на унапредување на менталното здравје. Негува и развива интегративен пристап во програмите за психоедукација, психотерапија и советување. Учествувала и организирала многубројни јавни, медиумски и конференциски презентации и психоедукации поврзани со развојот на менталното здравје на граѓаните, со акцент на деца, млади и нивните семејства. 

  • ÇfarëTëRëndon: Më kap panik dhe frikë sepse ngeca në studime, sikur po fundos në gropë pa dalje

    Rubrika #ÇfarëTëRëndon ekziston për të dhënë përgjigje në pyetje konkrete, të cilat i mundojnë të rinjtë. Një grup psikologë – psiko – terapeutikë do të japin mendim profesional dhe këshilla për pyetje të parashtruara nga lexuesit tanë, ndërsa pyetjet dhe përgjigjja e psikologut çdo të enjte do të publikohen në ueb faqen tonë, sigurisht në mënyrë anonime.

    Kam problem me fakultetin.  Ngeca, ndërsa studioj ndërtimtari.  Vazhdimisht mendoja se a do të kaloj kolokviumet ose jo, dhe fillova të krijoj panik para provimit a do të shkruaj ose jo dhe a do të di mjaftueshëm materialin.  Në fund çdo herë kisha rezultate të mira, i kaloja provimet, por më ngelën lëndët nga semestri i kaluar dhe tani nuk e di se si të organizohem.  Më kap panik dhe frikë dhe nuk mund të fle. Nuk kam biseduar në shtëpi me prindërit sepse janë të rreptë dhe thotë të gjithë kalojnë provimet dhe mësojnë si nuk mundesh ti, por nuk janë të vetëdijshëm për atë se sa i rëndë është fakulteti.  Tani gjendem në situatë pa rrugëdalje sepse nëse nuk i kaloj provimet tani do bie në kuotë private dhe kjo më mundon më tepër dhe nuk mund të përqendrohem të mësoj dhe nuk kam motivim, sikur po bie në gropë pa dalje.
    Si të ballafaqohem me atë që e humba vullnetin dhe motivimin për fakultet dhe si të kontrolloj shqetësimin tim?

    Përgjigjet: Radmilla Zhivanoviq

    E nderuar,

    E lexoj pyetjen tënde dhe pyes veten si të përjetoj derisa të lexoj, dhe kuptova se ndihej konfuzion, huti, pa rrugëdalje dhe udhëzim, sikur qëndroj në një vend ndërsa nuk e di se ku jam dhe ku të lëviz. Kur e paraqes kështu, supozoj se kjo është ndonjë ndjenjë që edhe ti u përpoqe të ma përafrosh me shkrimin tënd. Më pas, përpiqem të kuptoj nevojën të qëndrosh në një vend me huti, mos kuptim, paqartësi dhe pyes veten nga kush pret të ta tregojë drejtimin se ku duhet të zhvillohet potenciali jot?  Si do të ishe ndjerë nëse përgjigja është vetë Unë? Kur e dëgjon këtë përgjigje a të shkakton huti, dëshpërim, pa gatishmëri ose je e sigurt se këtë do të mund ta bësh. Nëse ka të paktën një dozë të vogël sigurie, hajde të kapemi për atë dhe të lejojmë ajo të na çojë drejt përgjigjes.

    Në moshën 2 vjet, shumica e të rinjve, përfshirë edhe veten time kur isha në vendin tënd, ballafaqohen me shumë pritshmëri nga mjedisi, në lidhje me standardet që ajo i vendos, dhe presionet që i bën në emër të dashurisë dhe e drejta të ndikojë. Nga ana tjetër, në moshën 21 vjet, të rinjtë shpesh nuk janë të sigurt në lidhje me aftësitë dhe kapacitetet të cilat i posedojnë, dhe reagimin më të vogël i pa volitshëm nga mjedisi mund ta kuptojnë si atak mbi personalitetin, i cili mund të ç inkurajojë ose tu japë arsyetim pse nuk kanë sukses siç do të kishin dashur. Evidente vjen nga mjedis familjar i cili di mirë të përkufizojë se çfarë është më e mira për ty, çfarë është ajo që duhet të bësh, ndërsa “më duhet” dhe “dua” e jotja nuk ka pasur mundësi të luftojë me ato pritshmëri.  Kur ballafaqohesh me vendime në lidhje me zhvillimin personal, si konflikti jot tani, ajo që duhet të parashtrohet si pyetje është çfarë më duhet dhe çfarë dua / dëshiroj të ndodhë dhe njëkohësisht edhe të jetë e mundshme dhe e realizueshme në kuadër të asaj që e posedoj si potencial në raport me situatën dhe kushtet e mjedisit. Ky është ai kontroll me realitetin që Egoja e cila piqet di ta bëjë, nëse e ka si kapacitet por jo çdo herë ndodh aq lehtë, dhe vendimet duken si disa male të mëdha drejt të cilave shohim nga poshtë.

    Dhe tani pyetesh:  Mirë, dhe tani si më tutje? Nuk ka proces nëse nuk ekziston përvetësimi i procesit, nëse procesi nuk bëhet i jot. Vallë këtë fakultet (lexo profesionin) e studion sepse e do ose sepse dikush tjetër ta ka imponuar vullnetin e vet? Hulumto pak atë moment të zgjedhjes dhe para së gjithash edhe të kenë bërë tifo të caktuara prindërit në raport me zhvillimin profesional për drejtim të caktuar, mendo nëse nuk do të ishin ato presione, kundër të cilave zakonisht luftojmë si të rinj në emër të pavarësisë dhe thjeshtësisë, dhe nëse do të kishe mundur të gjesh shkaqet personale për zgjedhje, cilat do të ishin ato? Nuk pajtohem se zgjedhim sepse prindërit ashtu kanë dashur, po shpesh herë ashtu duam të mendojmë që të arsyetojmë zgjedhjen e cila ndonjëherë na çon drejt ujërave shumë të pasigurta.  Në fund të ditës, nuk janë prindërit ata që mësojë dhe avancojnë për ne, apo jo? Ose ndoshta janë? Prandaj, duhet të gjesh shkaqet personale dhe individuale sepse kjo është zgjedhja tënde jo e tyrja.  Duhet të dallojë e jotja nga e tyrja, dhe e jotja duhet të mbizotërojë në një mënyrë simbolike mbi të tyren, sepse nëse nuk është ashtu, nuk do ta përjetosh këtë rrugë si tënden.

    Duhet të bësh vlerësim të mjedisit dhe situatës, të mundësive dhe kufizimeve të saj. Përshkruan se nuk vjen nga ndonjë familje e cila mund të lejojë zgjedhje do si do, por përpiqet të ta mundësojë hapësirën në të cilën mund të zhvillohesh me të gjitha kufizimet ekzistuese.  Kjo do të thotë se luhatje të caktuar për tu rritur, të paktën për ty nuk janë të mundshme, nuk them nuk të lejohen, thjesht ato janë të kufizuara dhe duhet të merren parasysh gjatë vendimit për zhvillim në karrierë.  Por në karrierë, sepse fakulteti nuk është vetëm arsim por na shtyn në drejtimin në të cilin dëshirojmë të lëvizim me shumë dashuri dhe mirëkuptim.  Atë që unë e lexoj është se familja të mbështet të studiosh dhe të zhvillohesh por me kërkesa dhe kufizime të caktuara.  Të gjitha familjet kanë kërkesa të caktuara përderisa fëmijët disi janë nën kontrollin e tyre të jetesës.  Të imagjinohet bota pa vëmendjen e prindërve kurdo qoftë dhe aq më tepër në atë moshë, është e pamundur.  Ata e dinë se këto zgjedhje janë esenciale, ndërsa para së gjithash mendoj se kujdesen për zgjedhjen tënde të pa qartë dhe bredhjen, shumë më tepër sesa suksesin dhe kalimin e provimeve…

    Duhet të bësh një analizë dhe ri përkufizim të kuptimeve personale rreth suksesit:  Çfarë paraqet për ty suksesi? Çfarë paraqet për ty gabimi? Këtu bie ndesh me pritjet tënde, nëse sukses do të thotë kalim i provimeve, ose duhet të kalosh provimin në mënyrë të përkryer.  Perfekcionzmi di të krijojë tokë të frytshme për prokastrinim, dhe nuk ka asnjë lloj kënaqësia nga e njëjta, sepse me atë nuk punon për veten, edhe pse duket se po, por punon për të tjerët.   Ajo që mund të paraqitet është edhe frika nga dështimi kur jetojmë në mjedis i cili vendos pritje të larta dhe të modeluara ( për shembull: Familje intelektualësh, fëmija ka frikë mos bëjë ndonjë gabim që mos dëshpërojë) ose frikë nga suksesi ( në familje me pritje të modeluara më të ulëta, të cilat ushtrojnë presion mbi fëmijën të jetë shumë më tepër se ata, ndërsa gjatë kësaj edhe të ndahet nga familja, të dallohet dhe në një mënyrë simbolike të mos bëjnë pjesë në atë, për shembull  Ti je i suksesshëm ndërsa ne nuk jemi)

    Duhet të bësh një analizë dhe të ri përkufizosh edhe proceset e mësimit: Si duket procesi tënd i mësimit? Si i mëson sendet? A vjen kjo nga përvoja tënde ose nga ndonjë përvojë e huaj? Çfarë mund të bësh të sigurosh kushte maksimale për mësim? Çfarë mund të  të pengojë në pësimin dhe çfarë mund të bësh që të parandalosh pengesat e mundshme? Si të planifikosh kohën dhe procesin e mësimit, duke e ditur gjithë atë që të motivon dhe të de motivon?

    Duhet të shohësh në emocionet të cilat e mbështesin ose jo procesin tënd të studimit:  Çfarë është ajo që të shqetëson dhe të frikëson në lidhje me arritjen dhe mësimin? A është frikë reale ose është frikë e cila krijohet për shkak të pa sigurisë së caktuar? Pse të duhet frika që të tregosh qëndrimin tënd në raport me gjërat. Ekzistojnë shumë çështje te tjera të cilat mund ti bësh në mënyrë më konstruktive.  Për shembull  Të përdorësh atë që e kë gjatë periudhës: Kështu, nëse do të kishe bisedë me atë panik që e përmend, cilat pyetje dhe përgjigje do ti kishe marrë?  Shënoi ato dhe parashtroi? Tani përpiqu tu përgjigjesh nga pozita e Panikës?  Ose po, kur Panika do të kishte një mesazh shumë të veçantë për ty, cilin mesazh do ta kishe dërguar?

    Dhe diçka që mendoj se është jashtëzakonisht e rëndësishme dhe është udhërrëfyes në gjithë procesin e zhvillimit të karrierës është besimi tënd dhe para së gjithash vizioni për veten bazuar mbi atë besim, i cili krijohet si rezultat i ecjes së rrugës, kur do të investosh në vete në një person të ri të cilin e do dhe do të zgjedhës të jesh… Mendo vetëm, si dukesh, si e përjeton veten, çfarë të ndodh rreth vetes, a ndihesh i sigurt, cilën pavarësi e fiton në atë rast, cilin mendim nga rrethi më i afërt e kanë për ty dhe si duket kënaqësia nga sukseset.

    Të uroj hulumtim të bukur për veten, sinqerisht shpresoj se me këtë përgjigje, të paktën vendosëm disa shkallë të ndryshimit, dhe se është më e qartë. Kështu të sfidoj pasi të lexosh përgjigjen, të lexosh pyetjen dhe të mendosh çfarë mund të bësh nga e gjithë kjo që të është ofruar ta përdorësh, që të shtosh edhe ndonjë shkallë tjetër të ndryshimit.

    * Radmilla Zhivanoviq është psikologe – psiko terapeut  i licencuar (EAGT/ECP), magjistër i komunikimeve. Anëtare aktive e këshillit drejtues të Odës së psikologëve dhe organizatore e një pjese të programeve për avancim dhe promovim të profesionit dhe praktikës private, dhe  Ditës së psikologjisë, platformë për aktivizëm psikologjik në lidhje me avancimin e shëndetit mental. Ka dhe zhvillon qasje integrative në programet për psiko-edukim, psikoterapi dhe këshillim.  Ka marrë pjesë dhe ka organizuar shumë prezantime publike, mediatike dhe konferenca dhe psiko edukime në lidhje me zhvillimin e shëndetit mental të qytetarëve, me theks mbi fëmijët, të rinjtë dhe familjet e tyre.