Градоначалникот на Мадрид Хозе Луис Мартинез изјави дека снежната бура која минатиот викенд го зафати главниот град на Шпанија, предизвикала штета од 1.4 милијарди евра, пренесува „Н1“.
Обилните снежни врнежи и мразот минатата недела го парализираа сообраќајот во Мадрид и во внатрешноста на државата, каде во еден ден падна рекордни половина метар снег.
Снежната покривка оштети повеќе дрвја во парковите, а беа оштетени и бројни возила и покриви на згради. Училиштата не работат цела недела, а сообраќајот не е нормализиран со денови, поради што страдаа сите економски субјекти во тој регион.
Многу жители на Мадрид ги обвинуваат властите дека снежните врнежи ги дочекале неспремни, а градоначалникот за тамошните медиуми изјави дека го разбира гневот на неговите сограѓани, затоа што ситуацијата е се уште комплицирана, а тие веќе претрпеле многу.
Бурата Филомена ја зафати Шпанија, Мадрид не видел толку снег во последните 40 години