Шпанскиот министер за здравство истакнал дека Владата ќе создаде регистер за сите лица кои одбиваат да ја земат вакцината против Ковид-19, иако личните податоци на граѓаните нема да се јавни.
„Ќе направиме регистар кој ќе биде споделен со нашите европски партнери. Списокот ќе биде со податоци од лицата на кои им била понудена вакцината, а тие едноставно ја одбиле“, изјавил министерот Салвадор Иља во интервју за шпански ТВ канал.
Сепак, тој појаснил дека документот нема да биде јавен и ќе биде изработен со највисока заштита за личните податоци.
Министерот соопштил дека листата од луѓето кои не ја зеле вакцината нема да биде споделена со нивните работодавачи, но додал дека единствениот начин да се победи вирусот е да се вакцинираат скоро сите – колку повеќе, толку подобро, пренесува „БиБиСи“.
Шпанија е земја членка на ЕУ, а ЕУ ја започна програмата за вакцинирање во регионот во неделата, започнувајќи со вакцината од Фајзер-БиоНтек.
Шпанија е една од најлошо погодените земји поради пандемијата во Европа, а истовремено е помеѓу најпогодените 10 земји во светот. Од почетокот на пандемијата, Шпанија регистрирала 1.85 милиони случаи и 49.824 смртни случаи.
Во понеделникот, шпанскиот министер за здравство изјавил дека луѓето кои одлучиле да не се вакцинираат, што власта смета дека е погрешно, имаат право на таква одлука.
„Се обидуваме да ги решиме сите дилеми. Вакцинирањето спасува животи и е единствениот начин да излеземе од пандемијата“, додал тој.
Во Шпанија веќе е регистрирана новата врста на коронавирусот, за која Британија извести на почетокот на месецот. Новата врста на коронавирусот се шири 70 отсто побрзо од првичната.
За да се контролира ширењето на вирусот, Шпанија воспостави строги забрани за движењето на луѓето во земјата до 6 јануари. Сепак, забраните беа повлечени поради новогодишните празници, па сега во еден дом е дозволено групирање до 10 лица.
Извор: Independent