Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале шест лица, односно, пациент од Охрид на 56 години, двајца пациенти од Скопје на 63 и 80 години, двајца пациенти од Прилеп на 78 и 54 години и пациент од Штип на 82 години.
Од МЗ соопштија дека во изминатото деноноќие е потврден 131 нов случај на Ковид-19, односно, регистрирани се 34 случаи во Скопје, 20 во Куманово, 12 во Гостивар, десет во Делчево, осум во Прилеп, по шест во Берово и Виница, по пет во Штип и Свети Николе, по четири во Охрид и Гевгелија, по три во Струга и Кочани, по два во Битола, Струмица и Кавадарци и по еден случај е регистриран во Велес, Радовиш, Македонски Брод, Валандово и Кратово.
Институтот за јавно здравје регистрирал 81 оздравен пациент, односно, 27 од Скопје, 11 од Тетово, десет од Штип, девет од Гостивар, по пет од Струга и Струмица, четири од Виница, по три од Делчево и Кичево и по еден од Дебар, Битола, Радовиш и Кочани.
„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14293, бројката на оздравени пациенти е 11014, на починати е 596, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2683. Денеска се евидентира еден контролен тест од вчера“, информираат од МЗ.
На Инфективната клиника во Скопје, во изминатите 24 часа примен е еден пациент, а вкупно се хоспитализирани 73 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 45, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, шест позитивни деца, четири мајки и четири деца суспектни на вирусот.
„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 10, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 111, позитивни и сомнителни на ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 147.002 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.297 теста.