Шест отсто од Европјаните се идентификуваат како ЛГБТ, Германија е најквир земја во Европа

Германија има најголема ЛГБТ популација во Европа, открива ново истражување на германската невладина организација Со студијата спроведена ширум Европа, биле интервјуирани 12.000 луѓе во 28-те земји членки на Европската Унија.

Според студијата, Германија е прва во Европа по ЛГБТ популација, со 7,4 отсто од Германците кои се идентификувале како ЛГБТ. Кога им било посочено да се рангираат на Кинсиевата скала, помеѓу исклучиво хетеросексуални до исклучиво хомосексуални, 10,9 отсто од Германците рекле дека не се исклучиво стрејт.

Низ Европа, 5,9 отсто се дефинирале како ЛГБТ, а 8,6 отсто посочиле дека не се исклучиво хетеросексуалци.

Бројката претставува голем отскок во Германија во споредба со 2000 година, кога само 1,3 отсто од мажите изјавиле дека се хомосексуалци, а само 0,6 отсто од жените дека се лезбијки.

Најмал број на ЛГБТ популација има во Унгарија, каде само 1,4 отсто се идентификувале како ЛГБТ.