Шарена револуција против задолжувањата: 1,1 милијарди причини за крај!

Под мотото „1,1 милијарди причини за крај“, демонстрантите од Шарената револуција го започнаа денешниот протест во Скопје против најавата за нови задолжувања на државата.

Тие се собраа пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство од каде ќе започне маршот низ Скопје поради незадоволстцото од јавниот долг која треба да порасне за вртоглави 650 милиони евра, колку што изнесува новата еврообрзница чие издавања го најави Владата.

Од Шарена револуција потсетуваарт дека секој граѓанин веќе должи по 2200 евра, како и дека со нови задолжувања овој долг ќе порасне за дополнителни 330 евра по жител. , во очајнички обид да продолжи да владее криминално.

„Нема да дозволиме! Не прифаќаме државата и граѓаните да тонат во долгови! Не ги признаваме долговите на расипниците!“, порачуваат демонстрантите.

На социјалните мрежи веќе почна да се споделува и онлајн петиција „Не за еврообврзницата!“ која ја потпишаа над две илјада граѓани.