Серендипити – прва изложба на фотографии на Ана Ристевска

„Серендипити“ е насловена првата изложба на младата Ана Ристевска, со која ќе претстави избор од 17 изложени фотографии и уште над сто кои ќе се прикажуваат со слајд проекција.

Нејзините фотографии се направени на нејзините патувања низ европските земји.

Идејата за оваа серија од фотографии се родила случајно на патување во Прага, забележувајќи млад пар претопен во совршен кадар. Од таму, продолжува да ,,лови” заљубени парови коишто не знаат дека се фотографирани и од таму се произлезени искрените емоции на фотографиите.

Ана Ристевска, родена 1992 година во Скопје, дипломирала на Филолошки факултет, Англиски јазик/ Катедра за превод и толкување.

Желбата за фотографија ја пронаоѓа уште од рана возраст, играјќи со фотоапаратот на својот дедо. Набрзо го добива својот прв фотоапарат како подарок, и од тогаш се развива сериозната љубов кон фотографијата, која се уште трае.