Семинар: “Младинско учество и животна средина”

Семинар: “Младинско учество и животна средина”По повод денот на Планетата Земја, Платформата за младинска одржливост организира семинар на тема “Младинско учество и животна средина. Настанот ќе се одржи на 20-ти април (сабота) на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Цели на семинарот се младите да разберат која е нивната улога во општеството, да се запознаат повеќе со глобалните и локални предизвици за одржливост и да знаат како да се активираат во општеството и заштита на животната средина. Повеќе информации за семинарот (агенда, предавачи, апликација) може да најдете на Фејсбук страницата.

Платформата има за цел да ги поврзе, едуцира и младите активни луѓе во областа на заштитата на животната средина преку создавање на мрежа од релевантни младински организации. Платформата е составена од 8 младински здруженија и тоа: Гоу Грин Скопје, АИЕСЕК Скопје, Сојуз на извидниците во Македонија, Младински Образовен Форум, Ајде Македонија, ОХО, АИЕСЕК Прилеп и Младите можат. Бујрум – центар за рурален развој и Еко Тим Исток официјално ќе станат нови членки на Платформата на семинарот во сабота.

.