Се отвора новата галерија „Арте“ во Скопје

Утре (29 јануари) со почеток во 20 часот ќе биде отворена новата галерија „Арте“ каде ќе може да се погледне изложбата „Генерации“.

Се отвора новата галерија „Арте“ во Скопје

Оваа изложба ја сочинуваат 18 дела на исто толку претставници, од повеќе генерации, на македонското современо сликарство.

Станува збор за авторите Никола Мартиноски, Вангел Коџоман, Димитар Кондовски, Миле Корубин, Ванчо Ѓеоргиев, Јован Петров, Ана Темкова, Ацо Ритески, Доне Миљановски, Свето Манев, Рубенс Корубин, Данчо Кал’чев, Стефан Хаџи – Николов, Станко Георгиев, Ванчо Јаков, Горјан Ѓеоргиев, Анета Ивановска и Михаил Корубин.

Се отвора новата галерија „Арте“ во Скопје

Галерискиот простор на „Арте“ е замислен за организација на изложби, настани и продажба на уметнички дела од сите генерации на македонското модерно сликарство. Новата галеријата се наоѓа во Центар, помеѓу АМСМ и Клубот на пратеници, на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ број 49.