Вчера во велешкиот театар „Ј.Х.К Џинот“ се одржа проекцијата на документарни филмови иницирана од страна на младинскиот клуб Медиа/Арт, како дел од Младински Образовен Форум во Велес и со поддршка од Make Dox кои преку документарни филмови ги едуцираат младите.
Проекцијата започна со интерактивна работилница на којашто беа проектирани два краткометражни филма: „Куса историја на Џон Балдесари“ и „Тулибу дибу даучу“. Посетителите имаа можност и да го изразат своето мислење преку одговор на одредени прашања и со движење на сцена.
Потоа следеше проекција на филм изненадување, кој премиерно се прикажува за прв пат во Македонија и во вториот блок беше проектиран документарецот кој има освоено повеќе награди и се уште ја освојува публиката – „Бурманските видео репортери – извештај од затворената земја“. По секоја проекција следуваше и кратка панел-дискусија за темата која документарецот ја обработува.
Седумдесетина средношколци заедно со нивните професори во филозофија, социологија, македонски јазик присуствуваа на проекциите и работилниците.
Присутните се потпишуваа на таблата на којашто беше нагласена фразата : „Потпишувам за отворање на киното!“ и во текот на работилниците истакнаа дека кај нив не постои навика да одат во кино и на големото платно да изгледаат некој филм. Ја поздравија идеата за враќање на кино културата во градот и изразија желба повторно да имаат можност да присуствуваат на вакви активности.
Младите кои го организираа овој настан се заблагодарија јавно на Сашо и Нина од Make Dox кои одвоија дел од своето време и помогнаа во реализација на нивната инцијатива. На крајот тие изјавија дека кај нив постои надеж овие активности да ја променат status quo ситуацијата со старото кино „11-ти Октомври“.
Извор: МладиВе
![Се одржа проекција на документарни филмови [кино.zip]](http://www.radiomof.mk/radiomof_backend/wp-content/uploads/2014/03/1961055_759674200712392_1320364490_o.jpg)
![Се одржа проекција на документарни филмови [кино.zip]](http://www.radiomof.mk/radiomof_backend/wp-content/uploads/2014/03/1606467_759667464046399_590981157_o.jpg)
![Се одржа проекција на документарни филмови [кино.zip]](http://www.radiomof.mk/radiomof_backend/wp-content/uploads/2014/03/1898908_759678484045297_613220930_o.jpg)
![Се одржа проекција на документарни филмови [кино.zip]](http://www.radiomof.mk/radiomof_backend/wp-content/uploads/2014/03/1957831_759667970713015_1395143001_o.jpg)