Се намалува интересот за отселување на студентите по медицина, Скопје е омилено место за работа

Се намалува интересот за заминување на студентите по медицина од земјава, хирургијата останува најинтересна специјализација, а Скопје е посакуваното место за работа. Ова го покажа последното истражување на меѓународниот проект „Хелтгрупер“, спроведено меѓу студентите од прва година на Медицинскиот факултет. Притоа 45 отсто од овие студенти изјавиле дека ќе би останале во Македонија ако најдат работат по дипломирањето, додека околу 17 отсто планираат да се отселат откако ќе завршат со студиите. Една година претходно, желба да заминат имале речиси половина од студентите, покажуваа истражувањето.

Се намалува интересот за отселување на студентите по медицина, Скопје е омилено место за работа

Хирургијата и понатаму останува најатрактивна специјализација за 40,3 проценти од студентите запишани во прва година на Медицинскиот факултет во Скопје. Втор избор за специјализација се гинекологијата и педијатријата.

Се намалува интересот за отселување на студентите по медицина, Скопје е омилено место за работа

Речиси идентично како минатата 2013 година, и кај новата генерација студенти медицината е поатрактивна за девојките кои сочинуваат 75 отсто од новата генерација студенти.Најголемиот процент од сите студенти кои се запишале на Медицински факултет или околу 90 отсто  изјавиле дека основната причина поради која студираат медицина е дека сакаат да бидат доктори, 9 отсто  од студентите одговориле дека не знаат зошто студираат медицина, додека 1 отсто ја одбрале опцијата „Ме натераа од дома“.

Интересот за работа во главниот град Скопје е поголем кај новата генерација студенти каде 44% изјавиле дека сакаат да работат во Скопје, за разлика од минатата година каде вкупно 23% го одбрале главнио град.

Повторно мнозинството од студентите го преферираат приватното во однос на државното здравство, додека околу 30% изјавиле дека би им било сеедно каде ќе работат само доколку најдат работа.

„Споредбените резултати од двете кратки истражувања спроведени помеѓу студентите запишани во прва година на Медицинскиот факултет во Скопје во генерациите 2012/2013 и 2013/2014 година оставаат простор за развој и обработка на дополнителни истражувачки прашања. За разлика од минатата година кога интересот за напуштање на државата беше исклучително висок, оваа година студентите покажуваат поголем интерес да останат во матичната држава. Разликите во одговорите помеѓу двете генерации студенти може делумно да се должат и на различните околности во кои се спроведени истражувањата. Така, за разлика од минатата година кога беше актуелен штрајкот на лекарите и нивното изразено незадоволство поради воведувањето на проектот плаќање по учинок, оваа година се отворени многу нови работни места во здравствениот систем кои се чини делуваат привлечно за идните генерации лекари. Доколку оваа претпоставка е точна, тогаш е потребно да се задржи мотивацијата на студентите во текот на целите студии и да им се овозможи долготрајна перспектива за професионален развој во матичната држава“, посочуваат од „Хелтгрупер“.

Целта на ова истражувањето е да се проценат главните очекувања кои студентите ги имаат на почетокот на студирањето. Од Хелтгрупер најауваат дека ќе го спроведат истото истражување во 2019 година, на истата генерација студенти, со цел да се споредат разликите во одговорите кога студентите се запишани во прва година, и кога ќе бидат при крајот на нивните студии.