Се бараат волонтери за Скопски филмски фестивал 2014

Tимот на Скопски филмски фестивал 2014 бара волонтери за настанот. Како што се наведува во Младинската филмска продукција Creative8 , единствен услов е кандидатите да бидат слободни во текот на фестивалот и да имаат над 18 години.

 Скопски филмски фестивал 2014

Заинтересираните треба да го  пополнат  повикот и испратат на volonterisff@gmail.com. Периодот на волонтирање е од 15 до 30 април 2014, а краен рок за аплицирање е 10 април.

Скопскиот филмски фестивал е една од најпосетените културни манифестации во Скопје со преку 30,000 гледачи годишно. Годинава се одржува седумнаесетиот по ред Скопски филмски фестивал кој досега е посетен од над 150 илјади гледачи.