Сцени од битова драма вечерва на Академска сцена

Сцени од македонските драми „Печалбари“, „Чорбаџи Теодос“, „Свадба“ и „Духот на слободата“ ќе бидат одиграни вечерва во 20:30, на Академска сцена на Факултетот за драмски уметности.

Испитот по Основи на театарска режија 2 на студентите по театарска режија ќе се состои од неколку култни македонски драмски текстови, а ќе го изведуваат студентите на театарска игра од повеќе класи.

Режисери на сцените од петте драми се Владимир Николовски, Горјан Аревски, Елеонора Теова, Емилија Спасова, Дамјан Костовски и Александар Ивановски.

Влезот е слободен.