Самсунг патентираше виртуелна рачна тастатура

Компанијата Самсунг патентираше виртуелната тастатура, која треба да се појави на рацете на корисникот кој користи „паметни” очила.

Компанијата Самсунг патентираше виртуелната тастатура

Патентот датира од август минатата година, а ова е и најдобар доказ дека јужнокорејскиот технолошки гигант планира да  воведе „паметни” очила „Samsung Glass“.

Од Самсунг велат дека звукот може да им пречи на гласовните контроли, па затоа решиле да дизајнираат букви на делови од прстите на корисникот. Скицата на патентот јасно покажува дека корисниците ќе ја гледаат тастатурата на своите раце и ќе го користат палецот за да напишат порака.

Компанијата Самсунг патентираше виртуелната тастатура

Претходно беше соопштено дека Самсунг че ги претстави „Galaxy Glass“ на IFA саемот во септември во Берлин. Исто како и „Google Glass“, очилата на Самсунг ќе можат да се поврзат со паметните телефони Galaxy Gear 2, Gear 2 Neo i Gear Fit.

Извор: Digitalspy