Самостоен концерт на „Зад аголот“ на 12 април

На задоволство на својата публика, скопскиот хип-хоп состав  Зад Аголот го најавува нивниот самостоен концерт  “Ќе дојдеш ли на рандеву?“, на 12 април 2013 во МКЦ (денсинг сала).
Самостоен концерт на „Зад аголот“, со Аго и Игиман

Зад Аголот“ екипа е името на свежиот скопски хип-хоп состав кој на домашната сцена официјално се појави во 2011 година, а во средината на 2012 го промовираа нивниот прв албум “Чувај го вистинко волу.1.“кој од слушателите на “Балкан хип-хоп радио” беше прогласен за најдобар македонски хип-хоп албум за 2012. Минатата недела момците го промовираа нивното ново видео за песната “Јас и ти” кое ги поместува границите за тоа како (треба да) изгледа домашниот хип-хоп, а тоа е особено видливо токму во овој спот.

Погоди кој е во просторијава? Темната страна кога Скопје удира!”.. Да!!  Како поддршка на „Зад Аголот“ ќе настапи легендарниот Владимир Аговски – Аго, еден од основоположниците на рапот и хип-хоп културата во Македонија! Познат преку култните „The Most Wanted“ и „Темната Страна“, како дел од концертот ќе го имаме човекот кој преку 20 години работи на развивање на хип хоп културата во Македонија. Го препознаваме во песните “Сонувам”, “Преку мене мртов”, “3D прашање”, “Темниот ден”.. Момците од Зад Аголот најавија уште еден гостин за концертот на 12 април, Игимен, младиот македонски блузер Игор Станоевски кој меѓу другото има свирено и со славниот Грег Рајт познат како поранешен гитарист на Мајкл Џексон. Игимен се најде меѓу топ-10 артисти на „Плеј крос роудс“, еден од најголемите натпревари за рок и блуз-гитаристи, поради што тој има шанса да свири и со Ерик Kлептон во „Медисон сквер гарден“.