Саем за мажи „И мажите можат“ во Скопје

На 16 септември, сабота, во локалот „Јавна соба“ во Скопје ќе се одржи саемот за мажи, „И мажите можат“.

Саемот за мажи „И мажите можат“ е национална кампања која има за цел да го промовира вклучувањето на мажите и момчињата за родова еднаквост. Овој јавен настан ќе се одржи на 16-ти септември во „Јавна соба“ со почеток во 12 часот. На јавниот настан предвидено е да се одржат три работилници за градење вештини („Мажите готват“, „Мажите пеглаат“ и „Креативни игри за децa“), во кој учество можат да земат мажи и момчиња. Настанот ќе биде отворен за публика и медиуми, за што дополнително ќе бидат споделени информации со јавностa.

За секоја работилница ќе бидат избрани 5-мина учесници.
Пријавувањето е преку пополнување на податоци, најдоцна до 14-ти септември.
Избраните учесници ќе бидат контактирани од страна на организаторот на 15-ти септември, и замолени да го потврдат своето учество. Повеќе информации околу работилниците и начинот на пријавување можете да најдете подолу. 

„И мажите можат“ е национална кампања која има за цел да го промовира вклучувањето на мажите и момчињата за родова еднаквост. Кампањата е насочена кон испраќање пораки до заедниците и медиумите и организирање на обуки и настани кои се однесуваат на вклучување на татковците и градењето на нивните вештини за грижа за децата и грижа во домот.