Владите на САД и Еквадор негираат дека направиле заговор да го замолчат Жулиен Асанж, откако интернет конекцијата на основачот на Викиликс беше исклучена во неговиот дом во амбасадата на Еквадор во Лондон. Според Асанж, целта била да се спречи да објави штетни информации за Хилари Клинтон и нејзината кампања за претседател на САД.
Еквадор доцна во вторникот потврди дека интервенирале преку викендот привремено да го ограничат пристапот на Асанж до интернет, упатувајќи на „богатство“ на публикации на Викиликс „кои влијаат на предизборната кампања во САД“. Викиликс има објавено огромен број инкриминирачки материјали во изминатите неколку месеци, за Демократската партија и кампањата на Клинтон, за кои Владата на САД обвини дека се резултат на руски хакери.
„Владата на Еквадор го почитува принципот на неинтервенција во внатрешните работи на другите земји“, изјавил министерот за надворешни работи на Еквадор. „Не се мешаме во надворешниот изборен процес, ниту пак фаворизираме некој кандидат“.
Еквадор потенцира и дека „не потпаѓа на притисокот на другите држави“, откако беше објавено Џон Кери, Секретарот на САД, побарал приватна средба со претставник од Еквадор минатиот месец.