Следејќи ги правилата на Airbnb во Русија, според кои се забранува изнајмување на апартмани за луѓе врз основа на нивната сексуална ориентација, Русин создал веб страница која им покажува на посетителите колку геј луѓе живеат во градот кој го посетуваат.
Веб страницата е наречена GayLocator.
Претставникот на платформата Airbnb, Родион Кадиров, за рускиот таблоид Лајф изјавил дека луѓето треба да знаат кој ќе престојува во нивниот дом, дури и кога станува збор за сексуалната ориентација.
„Оправдано е да ги одбиваме геј луѓето, зборуваме за слобода на избор. Едноставно е – позицијата на Airbnb за овој проблем е дека не ни е близок. Почнавме да размислуваме за ова и некако дојдовме до идејата да дознаеме колку геј луѓе навистина живеат во секој град во Русија, па спроведовме истражување“.
Веб страницата всушност ги следи преференците за онлајн порнографија, фокусирајќи се на интернет пребарувањата за геј порно. Потоа, ја споредува бројката на пребарувања со бројот на население во градот, па ја пресметува ЛГБТ популацијата. Секако, ваквиот метод имплицира дека само геј луѓето гледаат геј порнографија.
Русија усвои закон против „геј пропаганда“ во 2013 година, а оттогаш правата на ЛГБТ заедницата се во сѐ поголема криза.