Стефан Мандачи, 33-годишен претприемач, изгради автопатот широк еден метар во североисточна Романија, во знак на протест поради лошата инфраструктура на автопатот на неговата земја.
Мандачи, кој поседува синџир ресторани за брза храна, сам го финансирал овој „автопат“ со лични трошоци од 4.400 евра. Кампањата за негово отворање траеше неколку недели, со цел да предизвика реакции во јавноста, а кулминираше во петокот.
Романија има една од најкратката мрежа на автопати во Европската унија, со само 806 километри низ целата земја, пишува Бибиси.
Седејќи во хотелот што го поседува, само неколку километри од новиот пат, Мандачи го објасни своето размислување.
„Ние сакаме да го обединиме населението, имаме иста цел – да имаме автопатишта”, изјави тој за британскиот медиум.
Неговиот автопат, кој се наоѓа на парцелата што ја поседува покрај главниот магистрален пат, се наоѓа во регион на Романија во кој воопшто нема автопатот. Сообраќајот на магистралниот пат речиси беше затворен, бидејќи неколку стотици поддржувачи на Мандачи излегоа на улицата за таканаречената инаугурација на автопатот.
„Чувствувам дека сме обединети”, извикуваше Мандачи . „Ние сме единствениот регион во Романија кој нема автопати, немаме ниту еден метар, па решив да изградам еден метар (широк автопат) за да докажам дека е можно“.
Насобраните луѓе климаа со глава и го поздравуваа додека ја сечеше лентата за да го отвори она што луѓето го нарекуваат “споменик на автопат”. Покрај него, беа поставени коли кои настрадале во сообраќајки, како аларм за небезбедните патишта во земјата.
Претприемачот претходно водеше гласна кампања наречена „Романија сака автопати” и побара од сограѓаните да протестираат заедно со него и да запират со својата работата 15 минути, во петокот кога тој го отвори мини автопатот. Кампањата доведе до сериозни дискусии низ целата земја.
„Се повеќе луѓе во Романија – нормални, секојдневни граѓани – почнуваат да се вознемируваат”, вели Јонут Цирнеа, директор Про-инфраструктурната асоцијација, невладина организација која ги следи големите проекти за автопати во Романија.
„Политичарите доаѓаат на власт и велат дека ќе изградат 1.000 километри автопати за пет години. Тоа не е можно дури и со најдобри технички капацитети кога сите се вклучени”, додава тој, сугерирајќи дека Мандачи можеби ќе треба да чека и до 25 години за да види “пристојна” автопатска мрежа до неговиот регион.