Роденден на уметноста во МКЦ

Младинскиот културен центар новата сезона ја отвора со славење на Роденденот (на уметноста). Настанот, кој се одржува по 8-ми пат, ќе се одржи на 18 јануари (сабота), со почеток од 18 часот

Влезот е слободен а програмата за оваа година можете да ја видите во продолжение:

18:00 @ ДКЦ
* Детска работилница „Играј со светлината“ со Доротеј Нешоски, Нина Максимова и Дени Стојанов

18:00/19:20/20:40 @ Планетариум
Серија предавања
* од 18 часот предавање за деца до 12 години.
* од 19:20 и 20:40 часот предавања за возрасни.
Билетите се набавуваат по принцип прв дојден – прв услужен, истите можат да се набават бесплатно на билетарница во МКЦ од вторник (14.01.)

19:00 @ сала Фросина
Промоција на книгата „Македонска сага“ од Сунчица Уневска

20:00 @ Галерија
Изложба на Марина Убавкова

20:30 @ Галерија 2
МАЛИ ХУМАНИ ИНОВАЦИИ – изложба на студентите од Машинскиот факултет (насока: Индустриски дизајн )

21:00 @ сала Фросина
Импров група “НАСТАП”

музичка програма:

20:00 @ Ап(о)тека
Бојан Чакра

@ сала 25 мај
22:00 Dogs in Kavala
23:00 Porto Morto
00:00 Local Blue

00:00 @ бифе
Ивана Драгшиќ
Виолета Качакова
Теа Шалдева