Рестарт: Голема еко акција во Спортскиот центар во Тетово

Младите во Тетово ја продолжуваат акцијата за оживување на Спортскиот центар во Тетово со голема еко акција која ќе се организира утре (недела, први јуни) во 11 часот.

Рестарт: Голема еко акција во Спортскиот центар во Тетово

„Голем проблем претставува отпадот што може да го сретнете насекаде. Во недела ние ќе започнеме со првата еко акција за чистење на Спортскиот центар.Со ова ја отвараме нашата иницијатива РЕСТАРТ“, најавуваат организаторите на акцијата.

Тие ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да се придружат на оваа акција, која е прва од многу слични активности што ќе следат во Спортскиот центар.