RESKАТЕ во Концепт 37

Концепт 37 вечерва (петок, 7 март) е местото за дружба со скејтерите. Настанот кој почнува во 21 часот е насловен RESKАТЕ, а ќе вклучува изложба на фотографии, видео проекции и егзибиции.

Рескејт

„Имаме прилика и особено задоволство да ве поканиме на презентација/дружба организирана од страна на локалните осомничени на која би имале прилика да видите секојдневни предмети инспирирани и изработени од искористени скејтборд даски, фотографии инспирирани од самиот спорт и нормално, доза на зрачење со видео клипови од локалната скејтбординг банда“, стои во повикот за настанот.

Локални „осомичени“, односно организатори на RESKАТЕ, се С.А.М (Скејтборд Асоцијација на Македонија),  С.К.И.Р.О.Л,  PopCornSkateCo. и XMKD.

Присутните ќе се забавуваат со специјален dj сет на Мartchin [OffPop / BTKRSH / Electrified Sessions].