Регистрирани 48 нови случаи на ковид 19, четири лица починаа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-3, Дебар-1, Прилеп-3, Тетово-1, Струмица-4, Кочани-9, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2.

Во болнички услови се починати 4 пациенти од Скопје (73 и 62г), Куманово (69г) и Тетово (72г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од: Скопје-21, Куманово-3,  Штип-2, Тетово-5, Струга-6, Битола-1, Гостивар-4, Гевгелија-2, Крива Паланка-2, Радовиш-3, Кочани-6, Пробиштип-2, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17674, бројката на оздравени пациенти е 14642, на починати е 729, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2303. Најмногу активни случаи има во Скопје 681, Куманово 181, Тетово 169, Кочани 152, Струмица 151.

Според бројот на активни случаи во скопските општини предничат Аеродром 107, Карпош со 86 и Центар со 97 случаи.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 7 деца  и 7 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 173, позитивни и сомнителни на Ковид-19.