Реакции на социјалните мрежи за назначувањето на новиот вицепремиер

Поранешниот министер за животна средина Садула Дураки, а моментално актуелен министер во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедници, од вчера е назначен и за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

„На денешната седница, министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураки е назначен за Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија.“, накратко стои во соопштението од 142-рата седница на Владата.

Овој потег наиде на потсмев и револт помеѓу корисниците на социјалните мрежи.

Твитерџиите низ шега, ваквата одлука ја поврзаа со неговото познавање за користење на интернет пребарувачот „Интернет експлорер“, кое тој го наведе во неговата куса биографија.

Неизостана да се стави во контекст и изјавата на Дураку, кој тој ја даде откако си замина од Министерството за животна средина, а во која се вели дека неговото раковедење ќе остави траен белег во заштитата на животната средина.