„Култура Бета“ најавува дека овогодинешниот дводневен фестивал за младинска, алтернативна и критичка култура „Ре-култура“ ќе се одржи на 26 .и 27. септември со целодневна програма во кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“.
„Целта на фестивалот, пред сѐ, е да се поттикне учеството на заедницата во креирањето на младинската култура, но и да се истражат потребите и начините на развој, проширување и зацврстување на критичката мисла и култура. Настаните се фокусирани на алтернативната култура, на различните уметнички облици, на меѓусебното поврзување на колективот и ослободувањето од границите и препреките што стојат на патот на уметничкото и културно дејствување“, посочуваат организаторите од „Култура Бета“.
Од таму нагласуваат дека годинава фестивалот е фокусиран на донаторскиот базар на стари книги, плочи и цедеа, како и две книжевни промоции на изданија на „Култура Бета“.
Програма вклучува и свирки, диџеј сетови, дискусии, предавања, поетски читања и изложби.
Во прилог целосната програма, која повторно оди под хаштагот #ослободијамладинскатакултура :
26 септември (петок)
кафе-книжарница „Буква“
12:00 – „Се читаме!“ :: Поетско матине
18:00 – „Уметникот како активист: избор или потреба“ :: Дискусија со Борјан
Гаговски, Мања Величковска и Бојан Шашевски – Шаше
*модераторка: Калина Качоровска
20:00 – Промоција на првиот број на „Тригер“ :: промоторки: Душица Лазова и Ирена Стевановска во разговор со Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова
21:00 – Отворена сцена: Џем сесија и отворен микрофон за поезија
*музичари: Борјан Гаговски, Дарио Циевски и Меј
*поети: Гала Матевска, Милена Сиљаноска, Ива Петреска, Андреј Ал-Асади, Ана
Тодороска, Марија Ангеловска, Викторија Ангеловска
*На џем сесијата и отворениот микрофон може да се приклучат сите
присутни со свои инструменти и со своја поезија
23:00 – Дона пушта музика
12:00 до крајот на фестивалот – Рекапитулација: изложба на дела од млади уметници
27 септември (сабота)
кафе-книжарница „Илика“
12:00-19:00 – Донаторски базар на стари книги, плочи и цедеа
12:00-19:00 – Непрекинато движење: групна изложба на концертна фотографија
*учесници: Ема Трајковска, Сара Богоева, Тина Филиповска и Никола Атанасов
*кураторка: Наде Циева
12:00 – Диџеј сет на Ивана Јовановска
15:00 – ****
17:30 – Мини-концерт на Иш и јас
кафе-книжарница „Буква“
13:00 – Работилница со Скопје колаж колектив
18:00 – Хана и Борис во дијалог за Сириска протестна музика
21:00 – Промоција на стихозбирката „Багет полн полжави полиени со уље истечено
од вардаровите галии“ на Андреј Медиќ Лазаревски
*промотори: Стефан Спасовски и Калина Качоровска
22:30 – TURBO XXX CLUB: ModemPriest, ShefShef, WhoreMoans :: диџеј сет