Расте бројот на жртви, досега 20 загинати во синоќешното невреме

Дваесет лица се загинати, од кои за 13 е завршена идентификацијата и се предадени на семејствата, беше соопштено по денешниот состанок на Управувачкиот комитет за справување со кризи.

Во невремето синоќа најмногу беа погодени Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, каде се најдени жртвите, а пријавени се и големи штети, срушени и поплавени куќи и возила.

Во Скопје и Тетово, кои беа најмногу погодени од невремето, ќе биде прогласена кризна состојба во наредните 15 дена информираат од Управувачкиот комитет за справување со кризи. Формиран е кризен штаб, а екипи ќе ги проценуваат штетите на терен.

Неколку граѓани денеска самостојно се организираа и поставија пункт пред Веро центарот во Скопје за собирање помош за поплавените. Како што стои во повикот за акцијата, засега најпотребно е флаширана вода, спакувана храна што не се расипува и пелени за бебиња.