Распеани Скопјани за 2014: Архитекти градете со љубов!

Распеани Скопјани со песната Архитект ја дочекаа 2014-та година, годината кога треба да заврши изградбата на проектот „Скопје 2014“.

„Распеани скопјани“ за 2014: Архитекти градете со љубов!

„2014-та, кој би рекол дека навистина ќе дојде…Ние баш и се надевавме дека нема. Според пожолтеноста на колонадите, делува дека е веќе бар 2017-та. Но, како и сите досегашни порази над разумот, и овој ќе го прифатиме со отворени умови и раце и ќе се обидеме да направиме нешто со тоа. Макар и нова песна.

А сега доза самоправедност на која секој активист полага особено право: 2014та – а што правиш Ти? И како е во твојот град? Архитекти градете со љубов!“, порачаа Распеаните Скопјани.