„Рајанер“ не дели бесплатни карти, компанијата предупредува на онлајн измама

Авионската компанија „Рајанер“ преку својот Твитер профил ги предупреди луѓето да внимаваат на онлајн измама со која се нудат бесплатни билети.

„Ова не е официјална промоција“, напиша компанијата.

На социјалните мрежи започна да се шири линк на кој се вели дека авио-компанијата им доделува бесплатни карти на оние кои ќе ја споделат објавата и ќе ја испратат во порака на уште 15 пријатели. Ова, како што пишува во лажната објава, е по повод 35. роденден на „Рајанер“, иако компанијата е основана во 1984 година.

Голем број луѓе останаа разочарани по реакцијата на компанијата, барајќи таа вистински да ја реализира оваа акција. Сепак, оттаму се уште нема одговор на овие барања.