[Радио МОФ @ АстерФест] Доделени наградите на најдобрите во своите категории

Претпоследниот ден на АстерФест помина во знакот на најдобрите филмови во своите категории. Во категоријата на креативни документарци, бронзената потковица му припадна на „Небо“ на Dinno Kassalo, а сребрената на „Калуш што мислев дека го познавам“ на Bernard Dichek. Златната потковица му беше доделена на „Poop on poverty“ на Vijay S. Jodha. „Звуци за Мазин“ на Ingrid Kamerling доби специјално признание од жирито за објективниот начин на кој е прикажана употребата на кохлеарни импланти.

[Радио МОФ @ АстерФест] Доделени наградите на најдобрите во своите категории

Во категоријата на кратки играни филмови, жирито го прогласи „Хелиум“ на Anders Walter за најдобар. Од истата категорија, „Бирдие“ на Ewa Kochanska ја доби наградата Златен проектор, пред се поради минималистички и прецизно одиграната улога на Elzbieta Sloboda. Македонскиот „Добро време за умирање“ на Сенад Абдули ја доби наградата „Ацо Алексов“. Сценариото на косовскиот „Амел“ беше прогласено за најдобро, па така More Raca  ја доби наградата „Ѓорѓи Абаџиев“. Специјално признание од жирито за мајсторски прикажуваните амбивалентни страни на оганот ја доби полскиот „Жар“ на Bartosz Kruhlik.
прв поглед

Францускиот „Г-дин Хублот“ беше избран за најдобар во блокот Анимоушн, а специјално признание доби и филмот „Литературните мистификации: Како се создава најпродаван автор гуру“. Во категоријата Мувиленд помеѓу 6 современи кратки филмови од Австрија, 2 филма го делеа првото место: „Прв поглед“ на Juliana Neuhuber и „Нечуен“ на Siegmund Skalar.

човек сенкаНа крајот од претпоследниот ден на овогодинешното издание на АстерФест беше прикажан и филмот „Човек-Сенка“ на лауреатот Boris Gerrets.  Во филмот станува збор за маргинализирана група која се справува со сериозни физички инвалидитети и психички последици и се бори за опстанок на улиците на Фритаун, Сиера Леоне. Gerrets направил одличен пресек на најдлабоките човекови мотиви, фрустрации и мисли низ призмата на овие луѓе кои најчесто се потценувани и отфрлани од општеството.

За последниот ден во програмата на десеттото издание на АстерФест се закажани проекции на наградените филмови.

Јована Ѓорѓиовска