Работна група ќе го истражува проблемот со линданот во „Охис“

Владата на вчерашната седница формираше работна група за изнаоѓање на можно решение за проблемот со линдан во „Охис“.

Работната група е составена од д-р Драги Рашковски, генерален секретар на Владата, Садула Дураку, министер за животна средина и просторно планирање и д-р Аднан Ќахил, министер без ресор.

Оваа работна група во рок од 3 месеци треба да ја информира Владата за можните решенија на овој долгогодишен проблем.

Радио МОФ во 2016 година пишуваше за опасното влијание од линданот. Анализата може да ја прочитате во продолжение.

Линданот од ОХИС сврзан со ПМ 10 е еднакво на масовно труење