Продолжува „Антивикенд програма“ на независниот издавач и организатор „Мртов коњ“, заедно со пријателите. Оваа среда е посветена на електронски музики во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје.
Настанот од 19 часот ќе почне со работилница за теремин.
„Дознајте за историјата на инструментот, начинот на произведување и контрола на создавањето звук и обидете се да отсвирите нешто со помош на Ива. Бидете дел и од интерактивниот сет на ‘Improof’, овој пат во проширен состав со модуларните синтови на Александар Ордев. Извлечете карта и бидете дел од импровизацијата“, стои во најавата за настанот.
После свирката ќе се пушта музика од „Passepartout Duo“, како загревање за нивниот концерт во КИЦ заедно со „Алембик“ на 12 септември.
Настанот е дел од проектот „Soundscapes of the Western Balkans“.