Прво издание на фестивалот „Скопје Урбан Бит“ во Летниот камп Кастро

Во петок (15 август) во Летниот Камп Кастро ќе се одржи првото издание на фестивалот„Скопје Урбан Бит“ во Летниот камп Кастро. Организаторите најавуваат осумчасовна музичка дружба со домашни артисти.

„Скопје Урбан Бит“

На „Скопје Урбан Бит“ ќе настапат Нерсес Малакјан, Нултабајт, Благородна, Гејмовер, Бас Инфузија, Оги и Драш. Како гости на фестивалот се најавуваат Stone Мonkey и Reggaesaurus Geto Rudi.

„Доста ви е од преголемото ниво на шунд кое се сервира постојано низ „урбаното“ Скопје? Мислите дека треба да се подигне музичката свест кај поголемиот дел од младината? По дома слушате музички стилови кои ретко се промовираат во нашето секојдневие па морате да се „претопите“ во шундот и кичот на музичката понуда во Скопје?

И Скопје Урбан Бит се чувствува така. Решивме да покренеме иницијатива, да поработиме на промоција на домашните артисти и да направиме фестивал со модерен вкус,“ се наведува во поканата за фестивалот.

Фестивалот ќе започне од 18 часот, влезот е слободен.